
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Street workout Macedonia – почеток на здрава спортска приказна
Горазд Зафировски, Филип Ваневски и Давид Ѓоргоќески се млади момци од Скопје кои здружено ја создале организацијата Street workout Macedonia се со цел да го популаризираат уличното вежбање во нашата држава.
Препорачано
Идејата за создавање на Street workout Macedonia ја имал Филип Ваневски кој живее и студира во Словенија. Како што вели тој пред камерата на „Слободен печат“, гледајќи ги тамошните организации добил мотивација за да се направи иста таква организација и во Македонија.
Во Street workout или calisthenics во светски рамки се организираат различни видови на натпреварувања како што се светски првенства и светски купови, но за жал уште спортот не е официјализиран. Организацијата Street workout Macedonia досега била претставувана на светсткото натпреварување WSWFC од страна на Бојан Тошевски.

Досега момците од Street workout Macedonia организирале едно натпреварување во категоријата sets and reps. Како што велат честопати организираат групни тренинзи, а на 26-ти април организираа и групен хуманитарен тренинг на кој се собираа средства кои потоа ги врачија на настраданите семејства во трагедијата во Кочани.
Главната цел им е да станат официјална организација која во иднина ќе организира натпреварување во поголеми размери како што се државно и балканско првенство.