ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Доналд Трамп му е лут на принцот Хари затоа што е злопамтило

Жанета Скерлев/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Животот на британското кралско семејство додека беше жива кралицата Елизабета Втора беше по малку здодевен, се течеше како што треба, таа беше прецизен монарх, но во последно време има големи промени, скандали, оваа година за жал и лоши вести поврзани со монархијата, ги сублимира последните случувањата за „Слободен печат“, Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.

– Кралицата Елизабета беше класичен лидер на државата, многумина велеа дека од кога знаат за себе знаат за кралицата, додека таа беше на престолот многу генерации се раѓаа, живееја па дури и умираа. Претходно малку принцот Хари направи да има возбуда во кралското семејство со бракот со Меган Маркл и сите случувања поврзани за нив. Но последниве неколку месеци целиот „нормален“ живот на кралското семејство како да се сврте наопаку со 180 степени – вели Скерлев.

Една од главните вести во британските медиуми е веста „Каде е Кејт“. Таа последен пат во јавноста е видена на Божиќ. 25 декември 2023 година. Познато е дека во јануари правеше операција на абдоменот и дека е на закрепнување, но јавноста се прашува зошто тоа закрепнување трае толку долго, дали можеби се работи за нешто сериозно…

Таа беше една до најфотографираните жени во Обединетото кралство и не само во ОК, па тука доаѓаат папараци и од целиот свет, со надеж дека ќе ја фотографираат и потоа скапо ќе ги продадат фотографиите. Толку многу се пишува за нејзе што почнаа да се појавуваат и одредени теории, хумористични и иронични текстови, но од Бекингемската палата не излегуваат со детали каде е Кејт – раскажува Скерлев.

Принцот Хари го изгуби спорот со британската влада. Тој нема право на постојана заштита додека престојува во Британија.

– Хари во 2020 година бараше постојана засилена домашна полициска придружба кога доаѓа со семејството во Англија, но беше одбиен. Сега тужеше и еве деновиве му беше одбиено тоа, вели таа.

Во американските медиуми се пишува и за тоа дека Доналд Трамп му е лут на принцот Хари, бидејќи го смета за лажго. Принцот Хари се појави на суд поради сомнение дека лажел во своите имиграциски документи за САД, а станува збор за употреба на дрога, за што тој самиот зборуваше во својата книга „Резерва“.

– Доналд Трамп му е лут на Хари затоа што со еден збор кажано е злопамтило. Кога првиот пат Трамп водеше кампања за да стане претседател, Меган изјави дека ако тој стане претседател таа ќе се отсели од Америка. Поради тоа Трамп е лут на Мега, па и индиректно му е лут и на Хари. Трамп очигледно ја прочитал книгата на Хари, во која тој раскажува кога бил млад пушел марихуана, а наводно кога ги пополнувал документите за влез во САД не го навел тоа, па Трамп ведти доколку стане претседател дека ќе ја преразгледа одлуката за Хари во САД – вели Скерлев.

Целиот разговор со Жанета Скерлев погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот