Жанета Скерлев / Фото: ,,Слободен печат'' / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Британија е воздржана со изјавите за Украина, не сака да ја подгрева војната

Во понеделник се навршуваат три години од почетокот на руската агресија врз Украина. Европејците стравуваат дека тие и Киев ќе бидат исклучени од преговорите за крајот на војната во Украина. Неколку европски држави бараат безбедносни гаранции за Украина од Вашингтон. Британскиот премиер Кир Стармер рече дека сака да претставува мост помеѓу Вашингтон и Европа и најави дека наскоро на Трамп ќе му го претстави планот според кој приближно 30.000 европски војници ќе бидат испратени во Украина.

Велика Британија е на страната на Украина од самите почетоци на војната, но властите не зборуваат многу гласно за тоа, вели за „Слободен печат“ новинарката и дописничка од Лондон, Жанета Скерлев.

– Премиерот и министерот за одбрана овде се воздржани со изјавите, не сакаат да ја подгреват војната со зборови и не се зборува многу околу тоа. Меѓутоа има атмосфера за какво било учество на Велика Британија во спроведувањето на некаков мировен договор и помош на Украина за да се стабилизира ситуацијата. Највисоките политичари овде ги држат картите, не ги покажуваат, не ги знаеме деталите, сè е на ниво на шпекулација, меѓутоа можеме со сигурност да кажеме дека Велика Британија сака и е подготвена да има водечка улога. И ден денес на некои воени полигони се обучуваат украински војници и тоа не е тајна – вели Скрелев.

Сер Кир Стармер следната недела заминува за Вашингтон.

-Британија од самиот почеток на руската инвазија врз Украина, беше цврст поддржувач на Украина и на украинскиот претседател и народ. Тогаш овде пристигнаа стотици илјади бегалци од Украина, главно жени и деца во прво време и на аеродромите во Велика Британија и ден денес има написи на украински: „Добредојдовте“ и посебни служби кои ги прифаќаат бегалците. Во едно многу скорешно истражување се покажа дека 67% од Британците ја поддржуваат политиката на владата за помош на Украина. Премиерот Кир Стармер идната недела ќе оди во Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот председател Доналд Трамп – вели Скерлев

Висок министер во британското Министерството за одбрана беше во Норвешка на средба со неговиот норвешки колега и одржа прес-конференција на која, како што вели Скерлев, кажа работи кои министерот за одбрана Дејвид Лами и премиерот Кир Стармер се возржуваат да ги кажат, бидејќи тие треба многу внимателно да се однесуваат за да го постигнат она што го сакат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот