ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Синиша Пекевски: Новата власт да внимава да не го пробие дното

Синиша Пекевски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

За аналитичарот Синиша Пекевски нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе голема победа на парламентарните избори, одејќи дотаму во прогнозите дека најголемата опозициска партија ќе освои апсолутно мнозинство во македонското Собрание.

– Јас сум убеден дека Христијан Мицкоски ќе освои над 61 пратеник. Веќе подолго време го тврдам тоа, со последниве потези нема да биде тоа на граница со еден до два пратеници, туку апсолутно мнозинство. Ако ја направат коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе биде уште поголемо фијаско, не толку за ДУИ, колку за СДСМ. Тие што не сакаат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица, својот глас ќе го дадат на ЗНАМ – смета Пекевски, кој беше гостин во утринската програма на Слободен печат.

Сепак, Пекевски е дециден дека новата власт, за која тој вели ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ставена пред огромен предизвик и ќе ја има последната шанса да ја извади државава од дното на кое според него се има најдено по годините на негрижа и серија од погрешни политички решенија.

– Новата ќе мора да најде начин бргу да ја извади државата од дното, но и да не ги повторува грешките на претходните влади, бидејќи тогаш дното ќе биде пробиено и ние ќе се најдеме во сосем нови околности кои воопшто нема да ни бидат наклонети – додава Пекевски.

Целото интервју со нашиот гостин погледнете го на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот