ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Симоновска и Мулачка: Во истражувачкото новинарство најважни се изворите и доказите

Мирослава Симоновска и Ирена Мулачка/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Зборувајќи за нивната работа, новинарките Ирена Мулачка и Мирослава Симоновска во интервју за Слободен печат истакнаа дека за развивање на истражувачко новинарство потребна е волја, упорност но пред сè и храброст.

За истражувачко новинарство не мора да се потрошат којзнае колку пари, одлично е да се има добра продукција, да се презентира сето тоа со добри видеоматеријали, но не мора, во истражувачкото новнарство изворите се клучни. Документите и луѓето се клучни и најклучно е да ги штитите, да не ги откривате, за да не ги бркаат од работа, па дури и на суд да не ги кажувате кои се и кога тоа ќе го правите уште толку повеќе доверба ќе имате од граѓаните“ рече Симоновска.

Нејзината колешка Мулачка додаде дека и покрај тоа што граѓаните се тие кои имаат што да кажат и што да покажат како документ, сепак тие се во голема мера исплашени, често не сакаат да зборуваат по телефон, стравуваат дека некој нешто ќе им направи дома или на работното место.

Повеќе од интервјуто на новинарките Ирена Мулачка и Мирослава Симоновска погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот