Азиза Сали - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Азиза Сали - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Сали: Само Ромките плаќаат за породување, тоа мора да престане

Од пандемијата наваму ниту една патронажна сестра не била во посета кај мајка од ромската заедница. Ромките со децении се соочуваат со истите проблеми во земјава, од дискриминацијата во образовниот процес сè до институционални омаловажувања и понижувања, раскажува Азиза Сали координаторка од здружението „Иницијатива за правата на жените Ромки од Шуто Оризари.“

Неодмана во организација на ова здружение беше реализиран креативен активизам во центарот на Скопје „Изгреби за здравје“, случајните минувачи од другите националности гребеа грепка со цел да се информираат со предизвиците со кои се соочуваат Ромките во секојдневието.

– Нашето истражување во кое беа опфатени бремените жени, породените жени и децата покажа дека и покрај постоечката програма поддржана од Министреството за здравство насочена за подобри услови за живот на овие групи на луѓе, констатиравме дека Ромките не се информирани за тоа. И повторно се соочивме со деценискиот проблем незаконска наплата од страна на гинеколозите на родилките од ромската популација – вели Сали за „Слободен печат“.

Патронажните сестри не доаѓат кај Ромките

Иницијативата вродила со плод, веднаш пристигнала рекација од страна Минстерството за здравство.

– Ја однесовме грепката во МЗ од каде добивме ветување за одредени проблеми коишто ќе бидат наскоро решени, како што е посетата на патронажни сестри. Од пандемијата патронажните сестри не ги псоетуваат мајките Ромки, што е навистина сериозен проблем. Воедно ни беше ветено дека ќе се реалзира пакет мерки и услуги од страна на матичните гинеколози за Ромките, како и бесплатното породување, како што стои во самите програми за лицата коишто немаат лична документација, а знаеме дека има огромен број кај ромската зедница, ќе следуваат беsплатни прегледи, што засега во пракса, за жал, не така – рече таа.

Сали, појаснува дека овој проблем е надминат со ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство (ГАК), откако бил склучен меморандум со нив, но со Гинеколошко-акушерската болница„ Чаир“ се уште се соочуваат со сопки.

– Кога трудницата оди на прегледи ѝ бараат пари, за време на породувањето исто така. Додека не го плати надоместокот за породувањето не ја пуштаат да излезе од болница. Се оди до таму што им се овозможува да плаќаат на рати. Тука ние ги застапуваме, одиме со нив како придружби, ги информираме буквално со целата програма и документација им покажуваме дека од Фондот за здравство и Министерството за здравство им обезбедуваат на жените бесплатно породување – вели Сали.

За проблемот со Ромките на улица, таа вели дека е потребно системско решение. Многупати пристапиле до нив со цел да им помогнат и д аги тргмнат од улица, но било неупешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот