ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ромите имаат своја историја, сакаме сите да знаат за нас, вели Кенан Таир од „Ромалитико“

Кенан Таир / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Преку изложбата „Кои сме ние?“ Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ втора година по ред се обидува да ја доближи историјата и културата на Ромите до останатите етникуми. Изложбата е поставена до 14 април во ТЦ „Сити мол“ (City mall).

– Многу светски познати личности веќе со гордост кажуваат дека се Роми. Ако некогаш тоа претставуваше срам, денес успеевме да докажеме дека е гордост да имаш ромско потекло. Елвис Присли, Чарли Чаплин, Пабло Пикасо, Рита Хевут и многу други звучни естрадни имиња јавно „се пофалиле“ дека имаат ромско потекло. Покрај тоа што на оваа изложба посетителите ќе можат да се изненадат кои познати личности се Роми можат да научат многу за нашата историја, да дознаат зошто 8 април е Меѓународен ден на Ромите, колку и каде се застапени Ромите низ светот и многу интересни факти поврзани со нас, а на кои работевме долго и истражувавме изминатиов период – вели за „Слободен печат“ Кенан Таир, координатор за комуникации во Институтот „Ромалитико“.

Таир додаде дека за 8 април е предвидена соодветна програма во рамките на изложбата за свечено да се одбележи денот.

 

Кенан Таир / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Според него, интересот за тоа кои се Ромите на останатите националности кои живеат во Македонија, но и на странците е голем.

– Луѓето застануваат читаат се интересираат, поставивме тотеми со факти и податоци за Ромите на македонски и на англиски јазик. И странците застануваат и читаат. Нас тоа ни е целта, другите да дознаат повеќе за нас. И минатата година убаво поминавме, ни испраќаа пораки луѓе од други националности дека преку изложбата дознале многу работи за нас, се фотографираа, беше забавно, се надевам дека и оваа година ќе биде така – рече Таир.

Изложбата промени и околу перцепцијата за Ромите како индивидуи во општеството, нагласи нашиот соговорник.

– Не е како порано. Ние сме веќе еманципирани како народ, застапени сме во сите области од системот, а нашиот институт се бори и за конечно решавање на проблемот со фантоми односно нерегистрирани лица од ромската националност во Македонија, сите да добијат документи, на добар пат сме – вели Таир.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот