Стево Пендаровски - претседател на Македонија / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Понеделничко кафе со претседателот Стево Пендаровски
Агнеса Чаволи
Пред
Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ ќе го надминеме политичкото сценарио и ќе ви понудиме ретко, нефилтрирано интервју со човекот зад претседателското биро, нашиот претседател Стево Пендаровски. На прв поглед достоинствен, но многу срдечен. Имав шанса да го запознам во една сосема непозната слика за јавноста.
Утрото го почнавме со понеделничко кафе со цимет подготвено од Тони, во кабинетот на претседателот, надвор од политичката фасада. Одговор добивме на многу прашања, проследени со хумор и мудрост, но и со многу духовитост за неговиот личен живот и стил, за младоста и сè што го формира како личност…
– Макијато пијам откога знам за себе, бидејќи чисто не можам да го пијам кафето, вели Пендаровски за „Слободен печат“.
Стево Пендаровски – претседател на Македонија / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески
Тој објаснува дека неговите обврски не му дозволуваат да одвои многу време за утринското кафе.
– Откако сум претседател, станувам малку подоцна бидејќи многу доцна легнувам. Легнувам во два-три по полноќ. А станувам околу осум наутро, вели Пендаровски.
Кога го прашав како го поминува слободното време, со носталгија во очите констатира дека тоа „слободно време“ го нема, бидејќи има чести состаноци. Но, секако, пред да стане претседател, кога имал порелаксирана агенда, со семејството патувале и летувале низ Европа, најчесто во Северна Италија, најомилена локација за него и за сопругата.
Стево Пендаровски – претседател на Македонија / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески
Зборувајќи за својот личен стил на облека, Пендаровски ни кажа дека на работното место мора да носи формален код на облека, но, инаку, во делот на „модата“, трендовите, има голема поддршка од сопругата, која исто така интервенира.
– За фризурата секогаш е задолжен еден бербер, но по потреба интервенира и сопругата, вели претседателот.
Последниот филм што го гледал по препорака на синот е „Опенхајмер“, за кој вели дека е супер, но… многу долг! Тој е обожавател на книги и на театар…
Стево Пендаровски – претседател на Македонија / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески
Зборувавме и за неговата младост, за првите концерти, најомилената песна, колку има време за излегувања… Лежерно облечен, шетајќи во дворот на неговиот сегашен дом, го прашав што мисли за иднината?
– Единствено сум загрижен за иселувањето на младите од државата. Бидејќи без младите тука, нема да има ниту добра рок-музика, нема да има ни добра забава. Најкреативниот момент, најдинамичен, на секое општество, се младите, вели Пендаровски.
Проследете го целото интервју на следниот линк:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Сакате да решавате загатки? Сакате игри во кои треба логички да размислувате? Сакате да гледате филмови со мистериозни тематики, авантури или пак хорор филмови? „Забавна зона“ ве носи на местото кое е спој на сè. Денеска ќе ви покажеме како изгледа вистинската забава и ќе ви посакаме топло добредојде од ескејп рум – „Д Кјуб“! …
Сакате да решавате загатки? Сакате игри во кои треба логички да размислувате? Сакате да гледате филмови со мистериозни тематики, авантури или пак хорор филмови? „Забавна зона“ ве носи на местото кое е спој на сè. Денеска ќе ви покажеме како изгледа вистинската забава и ќе ви посакаме топло добредојде од ескејп рум – „Д Кјуб“! …