ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Павле Трајанов: Состојбата во Македонија е мирна, стабилна и се чека да пукне

Павле Трајанов - претседател на ДС / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Мирна, стабилна и се чека да пукне е процената на безбедносната состојба во земјава според пратеникот Павле Трајанов, кој смета дека во зависност од изборните резултати, одредени политички субјекти во Македонија, во прв ред тој тука мисли на Демократската унија за интеграција (ДУИ), би можеле да предизвикаат безбедносна криза.

– Состојбата е мирна, стабилна и се чека пукне. Мислам дека сега како што се сите овие елементи постои револт кај граѓаните, недоверба во институциите во власта, тоа е силен елемент за нестабилна држава. Ние сме привидно стабилни, мирни, немаме елементи кои укажуваат на насилство, но како се движат процесите и како се движат изборите и тука клучна улога имаат од ДУИ. ДУИ ако процени ја губи поддршката тогаш можна е радикализација на состојбите или дестабилизација. Не се надевам дека граѓаните од сите етнички заедници, нема повторно да подлегнат на политичка манипулација дека некому се загрозени вакви права, такви права – изјави Трајанов во неговото гостување на утринската програма на Слободен печат.

Павле Трајанов – претседател на ДС / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Трајанов говореше и за иницијативата поднесена пред Уставниот суд од неговата партија Демократски сојуз, со која согласно препораката на Советот на Европа се бара за повторно покренување на т.н. Хашки случаи, кои своевремено беа прекинати по донесувањето на Законот за амнестија.

– Ова прашање го иницираше Советот на Европа веројатно врз поширока консултација врз клучните фактори во меѓународната заедница. Бидејќи не верувам дека советот самостојно ја донел оваа одлука, за да доведе до отворање на четирите Хашки случаи кои беа ставени ад акта, после автентичното толкување дека со Законот за амнестија се опфатени воените злосторства, што апсолутно не е точно. Согласно нашите закони, согласно кривичниот законик за одредени дела нема застареност. Кривични дела за злосторства против цивили не застаруваат а тоа е во согласност и со женевската конвенција. Хашкиот трибунал воспостави двоен аршин. За тие што ја бранеа државата поведе постапка и тие беа осудени. Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски беа осудени и лежеа во затвор. За другата страна, предметите што беа оформени, беа отстапени на Македонија наместо тие да ги судат. Тоа е двојниот начин, тие знаеја дека нашиот капацитет е мал, дека ќе се договорат партиите и дека тоа ќе се амортизира – додаде Трајанов.

Лидерот на ДС не може во моментов да каже дали неговата партија ќе настапи во одредена коалиција на изборите, но откри дека во моментов се преговара со повеќе политички партии.

Целото интервју со пратеникот Павле Трајанов можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот