ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Манолева: Сите вакцини се безбедни, за оваа година обезбедивме трикафта за 50 пациенти и 650 сензори за деца со дијабет тип 1

Маја Манолева/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Заменик министерката за здравство, Маја Манолева, во интервју за Слбоден печат истакна дека сите вакцини што се во нашата земја се безбедни и сигурни, додека околу паралелниот увоз на лекови, порача дека тој е возможен само за оние лекови кои се во употреба во земји членки на ЕУ и САД каде има сериозна легислатива во однос на лековите и само така сите се сигурни дека лекот безбедно стигнува во нашата земја.

Во однос на другите лекови и помагала, Манолева порача дека се набавуваат лекови за сите болести, но и дека по 15 години кончено се обновува позитивната листа на лекови.

Министерството за здравство во континуитет обезбедува терапија, пред се за пациентите со дијабет. Лековите, инсулините за сите видови на дијабет, редовно стигнуваат, имаше еден мал застој, тоа беше заради тендерската постапка којшто мораше да ги следи законските рокови, но сега веќе во континуитет пациентите ги добиват потребните лекови и инсулини. Тука би се надоврзала и на обезбедувањето на таканаречени сензори за континуирано мерење на гликемијата или шеќерот во крвта за 650 пациенти со дијабетес мелитус тип 1 до 18годишна возраст. Во однос на трикафта, почнавме со мал број пациенти, но за оваа година обезбедивме средства за преку 50 пациенти, ФЗО ги има средствата и постпаката е веќе во тек. Првпат после 15 години ја обновуваме позитивната листа и внесуваме нови лекови на позитивната листа“ посочи Манолева.

Повеќе од интервјуто со Заменик министерката за здравство, Маја Манолева погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот