ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Манески: Четворката по ликовно е „виновна“ за мојата уметничка кариера
Агнеса Чаволи
Пред
Марио Манески е млад сликар од Кичево, кој својата љубов кон уметноста ја открил уште во детството. Од рана возраст, Манески започнал да црта и да се изразува преку илустрации и улични графити.
Но, неговата вистинска уметничка патека започнува со преминувањето на платно.
Марио ни раскажа за моментот кога почувствувал потреба да се докаже и да вложи уште повеќе труд во своето уметничко образование.
-Кога бев VII одделение, професорот по ликовно ми стави четворка наместо петка со назнака дека сум бил слаб во аспектот на креативност. Јас му го докажав спротивното – објаснува Манески за „Слободен печат“.
Тој започнал да црта графити, а потоа и да слика на платна. Секое ново платно како нова етапа го има збогатено неговиот уметнички правец, во еден минималистички стил, експресионизам, движења, бои и форми.
Марио Манески / Фото: Агнеса Чаволи СП
Во 2019 година, Манески ја одржал својата прва самостојна изложба наречена „Тефтер“. А потоа поголема изложба во 2022 година, во Кафе бар „Че“, каде што целокупниот простор на локалот го претворил во уметничка галерија.
Токму овие искуства го поттикнале да продолжи да создава и да работи на своето уметничко портфолио.
– Транзицијата од графити и дела на платно ми беше благодарение на советите од многу луѓе дека сликите се многу добри и дека имам потенцијални купувачи – објаснува Манески.
дело на Марио Манески / Фото: Инстаграм Принтскрин
Секое ново дело му носи нови можности и нови контакти, а уметноста за него е начин да комуницира со светот.
Во моментов, Манески работи на својата трета самостојна изложба, која ќе биде уште еден важен чекор во неговата уметничка кариера.
Покрај сликарството, Манески има и љубов за велосипеди кои ги акцентира како илустрации во повеќето од неговите дела.
-Љубовта кон велосипедите се појави како инает кон моите. Имав голем велосипед со преголема рамка за мене. Но родителите ме убедуваа дека ми е таман. Но не ми беше. Ги молев да ми купат велосипед што е за мене – се сеќава тој на своите детски денови.
дело на Марио Манески / Фото: Инстаграм Принтскрин
Покрај велосипедите, од семејството Манески ја носи и љубовта кон угостителството, бидејќи поминувал многу време во локалот на неговите родители, а тоа му била дополнителна инспирација за креирање на нови дела.
-Угостителството е животно училиште и не планирам да скршнам од тој пат – вели Манески.
Марио Манески / Фото: Агнеса Чаволи СП
Тој планира да создава и уникатни уметнички предмети, како чашки за еспресо, чадори и други парчиња, кои ќе бидат вметнати во секојдневниот живот.
Неговата уметност за создавање се заснова врз целокупните искуства на животот, како и вербата дека има простор за напредок и усовршување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Сакате да решавате загатки? Сакате игри во кои треба логички да размислувате? Сакате да гледате филмови со мистериозни тематики, авантури или пак хорор филмови? „Забавна зона“ ве носи на местото кое е спој на сè. Денеска ќе ви покажеме како изгледа вистинската забава и ќе ви посакаме топло добредојде од ескејп рум – „Д Кјуб“! …
Сакате да решавате загатки? Сакате игри во кои треба логички да размислувате? Сакате да гледате филмови со мистериозни тематики, авантури или пак хорор филмови? „Забавна зона“ ве носи на местото кое е спој на сè. Денеска ќе ви покажеме како изгледа вистинската забава и ќе ви посакаме топло добредојде од ескејп рум – „Д Кјуб“! …