ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Лешоски: Несериозно е да не излегува човек да гласа

Дарко Лешоски /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

– Според мене е несериозно да не излегува човек да гласа, но некогаш неминовно доаѓа до такви периоди и квазиапатични ситуации во демократија. Мислам дека соседите наши ги имаат поминато тие болести. Не знам кај нас дали се поминати, но мислам дека не – рече писателот Дарко Лешоски во утринската емисија „Слободен печат“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн.мк.

Тој додаде дека човекот мора самиот пред себе да биде чист и да излезе и да рече: ова е вака затоа што јас направив погрешен избор со минатото гласање и обратно.

– Физички сме веќе во ЕУ, тоа е исто како да ме прашаш дали јас се викам така или ти се викаш поинаку. Колку и да звучи шалабајзерски, не може да е Грција во Европа, Бугарија, Србија и Албанија се стремат натака, ние да фантазираме и да се стремиме кон нордиски народи – заклучи Лешоски.

– „Поет“ мора да признаам ми е многу нереален збор за ова наше секојдневие. Многу ми е полесно, тоа ми е одамна прифатено, да се перцепирам себеси само како медиум. Не сметам дека сето тоа е мое, мислам дека доаѓа од некаде, нешто. Тоа ме користи мене да помине низ мојот мозок и да излезе. Не сметам дека е мое, не се сметам со тоа его на творец – изјави Лешоски.

Тој додаде дека нема ритуали кои го инспирираат да пишува.

– Таа перцепција си доаѓа сама од себе, кога ќе и дојде и не те прашува – рече Лешоски.

Во однос на Вевчанскиот карневал, тој посочи дека карневалот по дефиниција е контроверзија.

– Да не навредам народ, мислам дека имаме регрес во тој поглед. Многу порано, полиберално се гледало на таа критика и потсмев, а сега некако луѓето се постегнати и на се гледаат како личен напад, без да се земе предвид дека самите тие маски се еден вид потсмев пред сè, самите на себеси, како општество, понатаму и таргетирано некоја критика. Одиме во некој регрес во смисла на тоа дека кога ќе заборавиме да се шегуваме, да се смееме, тоа е страшно – смета Лешоски.

Целото интервју со Лешовски можете да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот