ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат што се договориле

Богданка Кузеска /фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел на државата подржан од СДСМ потврди Богданка Кузеска портпаролка на партијата во утринската програма на Слободен печат.

Одлуката на раководството треба да помине на Извршниот и на Централниот одбор. Според Кузеска, претседателот Пендаровски и минатиот пат беше подржан од околу 30 партии од различни етнички заедници и таа подршка постои и сега. Подршката за Стево Пендаровски доаѓа и од граѓаните кои знаат да ја препознаат работата и трудот на еден човек кој се вложил сосема во изминатиот мандат да биде претседател на сите граѓани, објаснува таа.

„Стево Пендаровски успеа да го врати реномето и достоинството на функцијата претседател на државата и верувам дека и сега ќе биде препознаен од сите партии, особено затоа што силно го подржува европскиот пат на Македонија“, смета портпаролката Кузеска.

Како што објаснува таа во политиката можат многу работи да се менуваат но не смеат да се менуваат заложбите на партиите кои кажале дека го подржуваат европскиот пат. Тие треба да останат на тој став.

Од друга страна Кузеска смета дека кај Таравари но и кај Мицкоски недостига една транспарентност да настапат чесно пред граѓаните на овие избори.

-Не слушнавме каков договор имаат Христијан Мицкоски и Арбен Таравари бидејќи не ја кријат јавната поддршка еден кон друг. Сме ги виделе на маса заедно и претходно, но тогаш тој договор им падна во вода, не можеа да се усогласат околу многу важни работи. Дали Таравари и Мицкоски се договориле, што договориле треба да и кажат на јавноста. Дали можеби Мицкоски ќе отстапи од идејата за укинување на техничката влада, но и дали можеби ќе отстапи од договорот за премиер Албанец на сто дена до изборите. Сето е нејасно а она што е најважно е дали е нешто договорено и околу уставните измени – вели Кузеска.

Портпаролката на СДСМ појаснува дека ВМРО-ДПМНЕ не се конзистентни во своите политики а како пример за тоа го наведе Преспанскиот договор.

„ВМРО-ДПМНЕ прво го негираше Преспанскиот договор, па после велеа дека е завршена работа, па сега повторно да се враќаат назад и да велат дека ќе го укинуваме. Тоа е еден нечесен пристап кон граѓаните“ порача Кузеска.

Повеќе од интервјуто со Богданка Кузеска погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот