Крокодили во Зоолошка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Кристина и Ганчо – крокодилите од Зоолошка за десерт јадат дудинки

Кое е е вашето омилено животно од Зоолошката градина – Скопје? Дали знаете како се вика, колку години има, од која земја потекнува и кога за првпат бил донесен тој вид, таа единка кај нас? Нашата Зоолошка постои од 1926 година и низ годините се развивала просторно, а растел и бројот на животните. Денес при посетата на Зоолошката градина можете да се запознаете со стотици разновидни единки, а секоја од нив крие посебна судбина.

Живеалиште на крокодилите / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Слободен печат“, низ овој серијал кој го нарековме „Лична карта на жителите на ЗОО Скопје“, ќе се обиде да ви ги доближи нивните приказни, нивните карактери и чувства. Ќе се обидеме да ви овозможиме да дознете што јадат и која е нивната омилена храна, ќе дознаете нешто ново и забавно, поврзано со омилените сожители во главниот град.

Крокодили во Зоолошка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во првата епизода ќе се дружиме со крокодилите Кристина и Ганчо. Поминавме убаво  претпладне со нив. Што мислите, дали се разликуваат еден од друг по однесувањето? Знаете ли како ги хранат и кој се грижи секојдневно за нив, од првиот ден кога како бебиња биле донесени во Македонија?

– Ги чувам од прв ден, ги донесоа на двегодишна возраст. Кика е од Виена, а  Ганчо од Софија, двајцата ни се ЕУ . Во зависност од температурата надвор им служиме разновидни оброци, збогатени со витамини, најчесто јадат кокошки како денеска,  јадат и пастрмка, но посебно се изненадивме кога забележавме дека јадат дудинки. Во нивното живеалиште има дрво дудинка и од плодовите што паѓаат ти си се засладуваат, тоа не намсеа нас вработените – вели Сашо Панчев негувател во ЗОО.

Сашо – негувател на крокодилите во ЗОО / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во продолжение погледнете ја личната карта за крокодилите:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот