ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Како политикологот Стојчевски стана познат дизајнер на игри

Бобан Стојчевски/ Фото: Слободен печат-Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Бобан Стојчевски е дизајнер на игри. За „Слободен печат“ вели дека учењето му било најдобар предизвик и најдобро нешто што му се случило.

Бобан Стојчевски/Фото: Слободен печат-Драган Митревски

-Учењето беше најголем предизвик и најдоброто нешто што ми се случило, бидејќи тука разбрав и дознав колку е комплексен девелопментот на игри. Мојата љубов за видеоигри, правењето видеоигри, почнува во 1989 година со купувањето на мојот прв компјутер „Комодоре 64“. По некое време сфатив дека ме интересираат и други работи во животот и се запишав на политички студии на Штуловиот универзитет- вели Стојчевски.

По периодот на студии го контактирала компанија која работела на многу познати игри.

Бобан Стојчевски/Фото: Слободен печат-Драган Митревски

-Нè контактираше една компанија што развиваше видеоигри, работат за „Нинтендо“, и потоа, за само една година работење, добив шанса да работам на две „плејстејшн“ игри, што за мене беше, можеби, најдоброто нешто што во животот сум го доживеал. Го основавме „Furious Avocado“, ја направивме нашата прва и најуспешна игра „Tie-Dye“- вели Стојчевски.

Играта стигнува до двеста милиони симнувања и плус добиле „Unicorn Status“ на апликација што во принцип е нешто што е негово најголемо достигнување.

Бобан Стојчевски/Фото: Слободен печат-Драган Митревски

-Без разлика колку предизвици имаме и што сè треба да правиме, барем десет проценти од нас треба да останат фиксирани на нашиот животен сон. „Furious Avocado“ е остварување на еден животен сон- вели Стојчевски.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот