ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јосифовска- прва жена дизајнер на шапки во Македонија

Мирјана Јосифоска / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Мирјана Јосифовска е основач на првиот македонски дизајнерски бренд за шапки. За „Слободен печат“ вели дека ова за неа е многу интересна и уникатна работа.

-Изработката на шапки за мене е интересна, нешто поневообичаена, поуникатна. А воедно, видов дека такво нешто нема на нашата локална сцена. Основач сум на првиот македонски дизајнерски бренд за шапки. Како мала многу носев, односно гледав шапки на баба ми, и така се појави мојата љубов кон шапките- вели Јосифовска.

Мирјана Јосифоска / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Таа објаснува дека кај нас има друга култура на носење шапки.

– Имаме типови жени што сакаат да се дотераат кога излегуваат, надвор од дома, сакаат да се добро облечени и ги користат шапките за да се комплетира тој изглед. Имаме побарувања и од страна на мажите. Во план ни е изработка на производи, односно шапки, кои би биле наменети за машката популација. Во последниве, би рекла, пет до десет години, постои поголема поддршка во типот на помали бизниси, стартапи, особено во полето на зелената технологија- вели Јосифовска.

Таа им препорачува на младите да најдат работа што сакаат да ја работат и едноставно, да го научат занаетот.

– Научете сè околу целиот процес, околу целата работа, и тоа е единствениот начин да успеете, вели Јосифовска.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот