ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ибрахим Мехмети: Мешањето на Курти може да доведе до поголеми поделби во албанскиот кампус

Ибрахим Мехмети/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Запрашан за исходот од изборите во албанскиот етнички политички кампус, политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во интервју за Слободен печат рече дека додека не се расчистат поделбите во Алијанса за Албанците, тешко е да се предвиди исходот.

„Во албанскиот политички блок, овој пат е многу покомплицирано, ДУИ има одредено водство, но додека не се реши ситуацијата со Алијанса за Албанците, тој исход не може да се предвиди. Гледајќи од надвор, во АА е доста поделено.“ смета Мехмети.

Запрашан за влијанието на косовскиот премиер Албин Курти, Мехмети кажа дека тоа е еден вид на надворешно мешање што може да доведе до поголеми поделби во албанскиот кампус.

„Влијанието на Курти е повеќе за граѓаните да се определат за едниот или другиот блок во албанскиот политички кампус, а не конкретно за Курти иако тој и неговата партија се обидоа тука да регистрираат партија, но тоа не се случи. Не би рекол дека тој и неговата партија се толку популарни, туку повеќе влијанието кај луѓето, односно оние кои имаат симпатии за Курти, да стекнуваат и градат симпатии и кон опозициските албански партии. Она што мислам дека може да биде проблем е што тоа може да доведе до поделба во албанскиот кампус и политички и кај граѓаните, затоа што со ова веќе имаме надворешен фактор што може да влијае врз тие поделби што можат да станат и поголеми“ заклучи Мехемти.

Повеќе од интервјуто со Мехмети во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот