ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Новите интернет измами од Велес како аларм за сузбивање на сајберкриминалот

Методи Хаџи Јанев/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Приказната со лажните вести и интернет измами од Велес отиде во тотална спротивна насока. Кога ќе се соберат сите натписи и информации на оваа тема ќе видите дека колевка на лажните вести сепак не е Македонија. Имено, до оној момент додека во земјава не постои регулатива која ќе ги санкционира овие активности, не зависно дали станува збор за илегални сајбер дејности или ширење на лажни вести и дезинформации со кои јасно ќе се прецизира делатноста дека можеби има мешање во внатрешните работи на друга држава и сл. овие активности ние не можеме да збориме дека се забранети – вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев во утринската емисија на Слободен печат дополнувајќи осврнувајќи се на сторијата од Велес во која македонски граѓани продаваат дебитни картички со ликот на Доналд Трамп.

– Мораме да истакнеме дека и за време на минатите претседателски избори во САД и поврзувањето со Македонија со фабриките за лажни вести се покажа дека ние како земја не сме биле главниот генератор на овој проблем. Слична е состојбата и со неодамнешните обвинувања за хакерските напади на Иран кон Албанија. Форензиката покажа дека од секаде потекнувале сајбер нападите а најмалку од Иран за да во јавноста се создаде една слика дека Техеран бил изворот на овие напади, што во реалноста се покажа дека и не е. Правејќи паралела исто е и сега случајот со Македонија. Треба да се испита, што, како и од каде се овие тврдења за тоа дека група од Велес продава дебитни картички со ликот на Трамп а по тоа државата да преземе соодветни активности, доколку оваа работа излегува од законските рамки во земјава – посочува Хаџи Јанев.

Професорот се осврна и на двегодишната агресија на Русија во Украина.

– Слободно може да кажеме дека за време на двегодишната агресија на Русија, не излезе ниту руската математика на почетокот, ниту западната во текот на војната. Доколку ги погледнеме сите параметри кои ги предвидуваа и едната страна и другата ќе заклучиме дека никој не бил во право. Просто во двете години, првата година беше лоша за Русија. Русија влезе во таа инвазија прилично лошо и неподготвено, значи Украина успеа во таа прва година да направи една добра контраофанзива, да врати голем дел од окупираните територии, но во втората година Русија успеа да се адаптира, изгради голема дефанзивна линија, успеа да ја одбие украинската противофанзива. Од тогаш па до денес, сме во една тоа што се којашто се нарекува во воената наука а начинот на војување стана технички наместо како што се предвидуваше тој да биде повеќе технолошки – посочи Хаџи Јанев.

Повеќе од интервјуто со професорот Методи Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот