ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Иран со нападот врз Израел сакаше да ја тестира моќта за одбрана на непријателот

Методиј Хаџи Јанев / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Во овој момент загрижувачки е дека безбедносниот совет на Израел донесе одлука дека сепак оваа земја ќе се одмази да нападот со дронови од страна на Иран. Останува не јасно како и кога тоа ќе се изведе каде ради оперативни цели тоа засега не се открива. Меѓутоа интересно е и она што е актуелно како Иран реагираше и го оствари нападот со дронови врз Израел. Тука Техеран со нападот сакаше да ја тестира моќта за одбрана на непријателот и врз основ на прибраните податоци да се гради стратегија за идна воена интервенција – вели во утринската емисија професорот Методи Хаџи Јанев.

– Тие со овој напад немаа намера да предизвикаат штета. Ова е класичен… тип на насилно извидување. Кога ќе го видите арсеналот коишто го употребија.. тие не искористија суперсонични ракети за да можеме да зборуваме дека они сакаат да постигнат изненадување за да го надминат. Они тестираа две работи. Тие прво ја тестираа распореденоста на ПВО системите на Израел и на сојузниците САД. Второ, тестираа колкава навистина во пракса е толеранцијата на системот. Односно, колку проектили во даден момент тој систем може да задржи. Сето ова е параметар којшто може да го добиете ако имате тајни шпиони или ако тоа го направите насилно во војна- вели Хаџи Јанев.,

Повеќе од разговорот со Методи Хаџи Јанев во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот