ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Гоце Пачемски: Стратешките проекти во енергетиката не значат продавање на државата

Гоце Пачемски/фото Слободен Печат/слободан Ѓуриќ

Гоце Пачемски аналитичар на енергетските состојби во земјата го потврдува фактот дека нашата земја е голем увозник на енергија воопшто, вклучувајќи ја и електричната енергија. Според него инвестициите во енергетски капацитети се запоставени а стратешките проекти во енергетиката не значат продавање на државата, туку напротив инвестирање во неа.

Пачемски во интервју за Слободен печат вели дека причините за слабиот енергетски систем во земјава се немањето инвестиции, непостоењето чувство кај оние што ги носат одлуките и на крајот, поради самиот факт што енергетските проекти се сложени и е потребно време за нивна реализација, што значи мандат на повеќе влади.

„Чебрен е голема хидроелектрана која е проектирана, за која постои оправданост да биде изградена. Зошто не била веројатно поради другите два фактора. Сега доаѓаме во ситуација која жестоко ќе нè погоди нас и цела Европа поради енергетската криза и ние почнуваме да размислуваме сега што да правиме“ вели Пачемски.

Според Пачемски проблемот во земјава е што сите капитални инвестиции во енергетскиот сектор се политизираат.

„Говорам и за Чебрен и за четирите проекти сега. Очигледно ќе биде, очигледно станува дека тие проекти се политизираат, а времето не работ во наша полза. Ниту ќе добиеме поевтини и по економски исплатливи модели во иднина за изградба на тие проекти, значи цената ќе оди нагоре нема да се намалува ниту цената на енергенсите. Ако ги гледаме моменталните цените на некакви берзи да, тие се можеби по поволни, меѓутоа долгорочно гледано енергијата ќе станува се поскапа затоа што ја нема.“ Дискусиите околу тоа од каде ќе дојдат парите смета Пачемски.

Енергетскиот аналитичар потсетува дека со инвестициите во овој сектор не се продава нашата енергетска независност.

„Не е така, енергетиката е пазар, државата има механизми да го заштити потрошувачот, тие механизми се дозволени во рамки на правилата што важат во целиот свет, а ние сме врзани со правата што ги диктира ЕУ, вели Гоце Пачемски и додава дека во енергетиката работите мора да бидат испланирани, мора да бидат брзи, и ефикасно да се реализираат тие проекти кои не треба да зависат од политичките волји и се разбира да нема други екстремни шокови и кризи како што беа кризите досега.

Повеќе од интервјуто со Гоце Пачемски погледнете во видеото во продолжение…

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот