ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Глигоријадис: Дали се срамам да бидам маж во овој град?
Агнеса Чаволи
Пред
Во оваа епизода на серијалот на „Слободен печат“, ви го претставуваме Крсто Анастас Глигоријадис-млад уметник од Скопје кој работи на различни дисциплини, фокусирајќи се на визуелните уметности и перформанси.
Преку својот уметнички израз, Глигоријадис ги соочува конфликтите кои произлегуваат од неговото лично искуство и траума, при што ги користи како еден начин на поттикнување прашања за човечката природа, општеството и личните дилеми. Тој исто така ги истражува телото и танцот како моќни средства за изразување и исцелување.
Глигоријадис подолго време се занимава со прашањата за машкоста: „Што значи да бидеш маж, кој е вистинскиот маж, како се станува таков и дали оваа концепција може да се трансформира или да исчезне?“
-Она што јас го зборувам и го мислам е најчесто според моите лични конфликти. Тоа што ме натера да истражувам повеќе за машкоста беше личен наратив. Се прашував што значи да бидеш маж во овој град. Се прашував дали ми е срам да бидам маж во овој град. Се прашувам дали постои криза на машкоста генерално, за сите нас- вели Григоријадис.
За „Слободен печат“ тој објаснува дека денешното општество е соочено со криза на машкоста, или пак со страв и срам од тоа да се биде маж. Користејќи историски примери, тој се обидува да понуди нова перспектива на начинот на кој денешните мажи ја интерпретираат и пренесуваат својата машкост. А со тоа ги поврзува многуте скулптури на машки ликови во нашиот град, кои се дел од проектот „Скопје 2014“.
– Проектот го поврзувам со најголемата пропаганда на машкоста моментално. Мислам дека е најголемиот отров што му се има случено на овој град. И мораме да отстапиме од таа идеја дека голи воини во сукњи ќе бидат скулптурите на градот Скопје – вели Григоријадис.
„Панталоните“ е перформанс во вид на церемонија која ги испитува современите улоги на мажите во општеството, посветувајќи се на нивните обврски и задачи како дел од процесот на промената на дефиницијата на машкоста. Со интензивен и емотивен настап, уметникот се соочува со просторот и публиката, нагласувајќи ја важноста на заедничкиот напор за решавање на клучните општествени предизвици.
-Многу долго време сум заглавен во таа церемонија. Поради практични причини, на почеток од наивните години, децата се облекуваат во фустани. Меѓутоа, после некој период кога сите ќе сметаат дека детето е доволно спремно и зрело, посебно момчињата, ги облекуваат во панталони за првпат и на тој начин симболично им ја пренесуваат машкоста – објаснува Глигоријадис за „Слободен печат“.
Перформансот на Глигоријадис е поделен на три дела. Проследете го на овој линк.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Фамилијарните одмори и патувања за неа имаат посебно значење. Како најинтересни ги издвојува моментите поминати во автомобил кога патувале до некое ново место. Премногу била љупопитна како дете и поставувала многу прашања, па затоа и често ѝ купувале енциклопедии, а за време на патувањата родителите „ја испрашувале“, открива за „Мое лето“, пратеничката и поранешна министерка …
Замислете дека сте затворени во соба од која единствениот начин за излегување е код кој се крие некаде во загатките. Доколку сакате авантура, адреналин, фанатици сте на авантуристички или хорор филмови, во Скопје се крие едно место идеално за вас! Станува збор за „Ескејп рум“, совршено место за забава за оние кои сакаат да истражуваат …