Ѓорѓи Галетановски - Чомбе - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Ѓорѓи Галетановски - Чомбе - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Галетановски: Одговорен е газдата на „Пулс“, душмански е да го кривиме обезбедувањето

Долго време ќе биде потребно за ноќниот живот во Македонија да се врати во нормала, но според Ѓорги Галетановски, поранешен познат скопски менаџер, никогаш нема да биде како пред десет години, кога Скопје важеше за центар на забавата.

Трагедијата во кабарето „Пулс“ во Кочани, која однесе 59 млади животи и зави многу семејства во црно, како од пандорина кутија ги извади сите зла кои претходеле за да се случи страотниот пожар.

Никнувањето на ноќни клубови како печурки без основни услови, недостатокот на инспекциски контроли во овие места, како и укинувањето на јуниор забавите, за Галетановски, се едни од главните причини за пропустите коишто за жал ги дознавме на најтешкиот пат со жртви.

-Не знам зошто се укинаа јуниор забавите, со тоа имаше ред во ноќниот живот. Мора од корен да се променат нештата, локалните власти треба сериозно да поработат за подобри услови за младите. Да се засилат контролите низ клубовите, сега на родителите нема да им е сеедно да ги пуштаат децата на излегување. Треба да знаат дека ги праќаат на безбедно место, тоа е многу важно – вели за „Слободен печат“ Галетановски.

Ѓорѓи Галетановски - Чомбе - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Ѓорѓи Галетановски – Чомбе – Фото – Слободен печат / Методи Здравев

Тој тврди дека виновникот за оваа трагедија е сопственикот на дискотеката на смртта „Пулс“.

-Тука не треба никој да се сожалува. И покрај тоа што газдата на диското најверојатно го прехранува семејството со тој бизнис, не смеел да си дозволи да работи на таков начин. Отворил дискотека во поранешен магацин, не го реновирал покривот, да не вложи во тоа, да стави стаклена волна на плафонот, а притоа на два метра затворен простор да дозволи пиротехника. Сите знаеме колку се заработува од ноќен живот, можел да инвестира за посовремени услови. Не смеат да се обвинуваат ДНК за ова, директниот виновник е сопственикот на Пулс. Душмански е да се обвинува обезбедувањето, дечките спасувале луѓе, тие не можат да спречат да се користи пиротехника ако е тоа дел од настапот, не е нивна надлежност – вели Галетановски.

Кога би бил кандидат за градоначалник на Скопје, Галтеновски уште првиот ден од кандидатурата би ги приложил на нотар своите заложби за градот.

-Не само јас, туку секој иден кандидат за градоначалник што му мисли добро на овој град би постапил на тој начин, чесно. Кој ќе биде градоначалник, треба да понуди решенија веднаш! Не со физибилити студии за една година. И задолжително со изјава на нотар. Кривична одговорност ако не ја исполни програмата првите две години. Младите треба да бидат во фокус. Зошто да не се стават младите на раководни функции?! Без местени конкурси, институциите да се деполитизираат. Да се работи на подобар ноќен живот. Магичното стапче немам, но сум бил долго време во таа институција и знам дека ако сака, човек, може  да направи многу – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот