ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Филип Јовановски: „Градот како сцена“ е уметничко истражувачки процес каде проблемите на градот можат да станат сцена

ФИЛИП ЈОВАНОВСКИ/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Уметникот Филип Јовановски во интервју за Слободен печат зборуваше за неговиот проект „Градот како сцена“ со кој тој има настапено на последното издание на Млад отворен театар.

-Тој проект е некакво спојување на она што ми е интерес, а тоа е градот и театарот, затоа што доста сум се бавел и се занимавам со сценографија и градот како сцена за мене е уметничко истражувачки процес каде што ги спојувам проблемите на градот и кога тие можат да станат сцена и практично тој проект се надоврзува на методот на читање на згради и правење на претстави од згради, како зградата на Железничка станица, Универзална, Пошта … Јас се обидувам да ја поврзам архитектонската пракса, што е мој беградунд со театарската пракса и бидејќи самите проекти се интердисциплинарни помеѓу театар и град, направивме серија работилници со студенти од архитектура и од ФДУ – посочи Јовановски.

Како добар пример за таквата интердисциплинарност, Јовановски ја издвои претставата „Универзална во пламен“, како и настапот на Прашкото квадриенале минатата година.

-Сепак она што беше повидлива соработка беше со Кристина Леловац на претставата „Универзална во пламен“ каде соработувавме со студенти од нејзината класа и беше доста интересно искуство. И последен сериозен проект за мене беше Прашкото квадриенале за дизајн на перформанс и простор минатата година, каде за првпат го претставуваме националниот павилјон на Република Северна Македонија. Го крeиравме со Кристина и вклучивме студенти и од архитектура и од театар и тоа беше интересно искуство за сите – вели Јовановски.

Повеќе од интервјуто со уметникот Филип Јовановски во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот