ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Елми Азири: Превирањата во АА е добро планирана акција за штета на партијата

Ељми Азири / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Кај нас во Алијансата за Албанците, мислам јавноста ги знае случувањата, преовладува мислењето дека овие превирања не биле стихијни. Дури и временската димензија е добро планирана се со цел да ѝ се наштети на АА. Така, главно преовладува мислењето во јавноста и во структурата. Се разбира дека сите овие случувања нас ни одземаа време за да донесеме одлуки за одредени прашања.

Што се однесува до претседателските кандидати, ние не сме ни знаеле дека господинот Арбен Таравари ќе биде претседателски кандидат затоа што кога сме зборувале со него тој категорично ја отфрлаше таа можност – вели Елми Азири потпретседател на партијата Алијанса за Албанците и пратеник во Собранието.

Како што објаснува Азири она што зачудува е што господинот Таравари своите ставови одбра да ги кажува пред претседателите на другите опозициски партии, преку прес конференции или преку Фејсбук, наместо тоа да го прави пред партиските органи што за нив било неприфатливо.

Според Азири во партијата сè уште важи ставот донесен на Централното претседателство на изборите да се настапи самостојно.

Но, после случувањата во партијата треба да следи мала реорганизација на органите и набргу се очекува да се дискутира за можни промени на ставот. Само централното Собрание кое е поголем орган од централното претседателство може да го смени тој став. Дали ќе се смени или нема да се смени зависи од тоа кои аргументи ќе бидат на маса, објаснува Азири.

Коментирајќи ги програмските определби што претседателскиот кандидат Арбен Таравари ги соопшти на прес-конференција за три услови за промена на Уставот, Елми Азири вели дека тие не се ништо ново, туку дека станува збор за основата на партиската платформа отсекогаш. Тој потсети дека пред пет години партијата ја промовираше кампањата „Не ме условувај со 20 отсто“ како протест заради како што вели омаловажувачкиот однос кон албанскиот јазик.

„Ние свесни за потребата од донесување на уставните измени, свесни од приоритетот што го има и државата и регионот во целина, кога се донесе, кога се гласаше францускиот предлог во Собранието, ние не условуваме со 20 проценти, давајќи приоритет на европската перспектива на земјата имајќи ги предвид сите случувања, околности и предизвици што ги има регионот и во таа насока ние кажавме во ред еве уште еднаш ќе направиме отстапки, ќе толерираме поради приоритетот што го има државата“, вели Елми Азири потпретседател на Алијанса за Албанците за Слободен печат.

Повеќе од интервјуто на Азири погледнете во интервјуто во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот