
ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Дино Коцев малиот-голем фан на групата „Меморија“ се качи на бината
Музиката на групата „Меморија“ сплотува различни генерации, доказ за тоа е нивниот обожавател, Дино Коцев, кој е трето одделение во ОУ „Партениј Зографски“ во Скопје.
Препорачано
На големиот концерт кој се одржува во салата Борис Трајковски, Дино бил во прв ред со знамето по што музичарите го забележале и го повикале на бината.
– Не ми беше срам, ниту пак страв, немав и трема, многу ми беше убаво на сцената. Од таму многу поубаво се гледа публиката и дека има многу луѓе. Прекрасно се чувствував-вели Дино за „Слободен печат“.

Тој уште од многу мала возраст ги слуша „Меморија“. На четири години покажал интерес за повеќе инструменти, го интересирало како произведуваат музика. Често прашувал :Што е ова, а ова што е, а како свири трубата … Родителите за полесно да го запознаат со повеќе музички инструменти се сетиле дека „Меморија“ се одличен пример за тоа.
– Од малечок ги слушам и многу ја сакам нивната музика. Сите песни ми се допаѓаат. Секој ден си пуштам некоја песна од „Меморија’-раскажува Дино.
Тој се и на последниот концерт во Штип бил во прв ред и повторно ја имал привилегијата да се качи на бината и да пее рамо до рамо со докажаните музичари.
Дино кога ќе порасне сака да биде или фудбалер или пејач, или и двете.
Погледнете го целиот разговор во продолжение: