ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дерала: Граѓаните да го искористат правото на глас и да излезат и да гласаат

Џабир Дерала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Претседателот на невладината Цивил Џабир Дерала во денешното интервју за „Слободен печат“ истакна дека граѓаните треба да го искористат правото на глас и да гласаат на претстојните изброи. Дерала смета дека граѓаните не треба да остават некој друг да одлучува нивната иднина, но и дека на некои политички субјекти им одговара да им помала излезност и сакаат да ги обесхрабрат граѓаните од гласање.

„Ја користам оваа прилика да упатам еден апел до граѓаните и граѓанките да не дозволат некои други да им ја кројат ниту политичката култура, ниту иднината, туку самите да излезат на гласање и да гласаат онака како што ќе одлучат. Се разбира, на многумина во оваа земја не им одговара тоа, се обидуваат да ја намалат излезноста, да ги обесхрабрат луѓето да излезат да гласаат, особено ако не се сигурни за кого ќе гласаат и тука сакам да додадам дека нам во Цивил воопшто не ни е грижа за кого некој ќе гласа, важно е да се излезе и да се гласа“ порача Дерала.

Повеќе од интервјуто со Џабир Дерала во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот