
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дејвид Мекалистер: Владата и Парламентот да продолжат да работат на уставните измени
Го разбирам разочарувањето и фрустрацијата во Северна Македонија особено со Преспанскиот договор, но мора да се каже дека секој чекор во процесот на проширување бара едногласност во Советот на ЕУ, а промена на Уставот е предуслов за да се продолжи напред, вели Дејвид Мекалистер, претседател на Комисјата за надворешна политика во Европскиот парламент во интервју за „Слободен печат“.
Препорачано
– Владата во Скопје мора да работи на тоа, да ги продолжи ни малку лесните разговори со Бугарија како да се реши ова прашање – изјави Мекалистер.
Неговата порака до македонската Влада и Парламентот е да продолжат да работат на уставните измени.
Тој го повтори ставот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека политиката на проширување треба да има суштинска улога во следните пет години, а фокусот ќе биде на владеење на правото, на помирување, на подобрување на добрососедските односи и подобро решавање на билатералните спорови, но и подобро информирање на јавноста за предностите на проширувањето на ЕУ како во земјите кандидатки, така и во членките на Унијата.
Мекалистер исто така потсетува дека земјата кандидат може да стане членка на ЕУ откако ќе ги исполни сите критериуми, а тоа се Копенхашките критериуми, потоа политички, финансиски, економски…, но вели дека утврдувањето датум кога ќе се случи тоа нема смисла.