Горан Чурковски -Член на невладината организација „Преспа Колинг
Горан Чурковски -Член на невладината организација „Преспа Колинг фото:принтскрин

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Чуруковски: Поткастот го направивме заради вредностите што ги поседуваат луѓето во Преспа

Во склоп на нашиот празничен серијал, во студиото на „Слободен печат“ ни гостуваше Горан Чурковски,  Член на невладината организација „Преспа Колинг“, невладина организација која самоиницијативно е формирана со цел на подигнување на свеста на општествените и културолошките проблеми во Преспа.

Почетоците и приказната позади креирањето на нивниот поткаст настана во мај 2024 година.

– Луѓето беа желни за една ваква емисија или за еден ваков проект, не само да учествуваат, да кажам, на поткастите, туку и да ги изразуваат своите ставови, своите идеи. Првенствено, нам ни беше идејата да го направиме заради вредностите што ги поседуваат луѓето во Преспа – вели Чуруковски за „Слободен печат“.

Тој додава дека намерата за овој поткаст е да се допре до младите и до граѓанскиот сектор во Преспа, кои имаат најголема потреба да бидат дел од поткастите, давајќи идеи за општествени проблеми, решенија, бегајќи од политичкиот карактер.

Како една од првите невладини организации од Преспа, Чуруковски додава дека тој и неговиот пријател Тони Леко, при креирање на поткастот не добиле никаква поддршка.

– Морам да кажам дека ние, иако сме невладина организација, помош не сме добиле ни од невладина, ни од владина, ни од никого, само сопствени средства – објаснува Чуруковски за „Слободен печат“.

Чуруковски ни објасни дека како главен сегмент на поткастите е насочување кон унапредување и на богатствата кои ги поседува Преспа, за екологијата, климатските промени, туризмот во Преспа и културата.

– Сега засега имаме по еден поткаст во неделата, тоа е во среда, терминот е 9 часот. И одиме во живо. Но после можат да го побараат и да го изгледаат поткастот на јутјуб-каналот – вели Чуруковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот