ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бобан Мирковски: „Албум“ не е само музички албум, туку тоа е и сеќавање и почит кон македонската забавна музика

Бобан Мирковски- пијанист

Во информативната емисија на Слободен Печат, утрово гостин беше пијанистот Бобан Мирковски, кој меѓудругото зборуваше и за неговиот последен музички албум каде тој на пијано ги има оствирено најголемите македонски музички хитови.

„Ова е мој втор албум, првиот албум беше со оние класични музички дела и се викаше „Facing the sun“. Во принцип, јас сум растен цел живот со забавната музика, особено со македонската забавна музика и цел живот имав желба да направам нешто со тоа. Јас не сум пејач, јас сум инструменталист и сакав да направам некаков спој на сето тоа и сум многу среќен што успеав да го создадам овој албум. Многу сум благодарен на сите автори на тие дела што несебично ја дадоа поддршката, дадоа писмена дозвола, се направија нови аранжмани специјално за таа прилика, дел ги правев јас, дел ги правеше мојот татко Љупчо Мирковски и Дамир Имери, кој всушност е и продуцент на албумот“ рече Мирковски.

Мирковски истакна дека процесто на селекција на композиции бил доста тежок поради големиот избор, а објасни и зошто негпвиот нов албум е насловен едноставно како „Албум“.

„Селекцијата беше можеби најтешкиот дел во целата таа работа. Јас знаев дека ќе биде тешко, но кога почнавме да ги составуваме мојот прв список имаше околу 120 композиции, но моравме да скратиме на 12. Сакавме да опфатиме период од буквално создавањето на таа некоја модерна држава од 50тите 60тите години, па се до некој период кога јас бев дете во 2000те години. Сакав да опфатам што е можно повеќе автори па ги имаме Славе Димитров, Александар Џамбазов, Бранѓолица, Кире Костов, имаме големи имиња и од поновата генерација каде ги има Влатко Стефановски, Александар Митевски, Дарио Панковски, така што мислам дека направивме добра комбинација од сето тоа. Не случајно насловот на овој албум е „Албум“ ова не е само музички албум ова е албум на сеќавања, албум на слики и поимот албум го врзавме со сето тоа и затоа и го крстивме така“ порача Мирковски.

Повеќе од интервјуто со Мирковски погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот