ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бишевац: Македонија како држава треба да создаде услови за формирање на политичка нација

Сафет Бишевац /фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Македонија како држава, како систем, како уредување треба да создаде услови за создавање политичка нација и сите да бидеме Македонци по примерот на Американците, независно од етничката припадност, вели новинарот и поранешен пратеник во Собранието Сафет Бишевац во утринската емисија на „Слободен печат“.

-Знам дека тоа е исклучително тежок процес со оглед на процесите во државата и она што не опкружува, но не мислам дека тоа не е неизведливо и не мислам дека не може да се дојде до тој степен. Треба да се создадат клучните предуслови за тоа за сите да живееме во богата, нормална држава. Држава во која ќе владее правдата и правото. Држава во која ќе го нема организираниот криминал до волкав висок степен. Во исто време треба да постојат правни механизми кои со борбата против корупцијата ваквите појави ќе се сведат на големина што нема да влијаат врз општеството – вели Бишевац.

Осврнувајќи се на претседателската кампања, Бишевац вели дека само сегашниот претседател Стево Пендаровски, како кандидат за нов мандат, успева да се одважи и да го користи зборот Македонија.

-Не би било ништо чудно и тоа би требало да е така. Меѓутоа, до пред почетокот на кампањата, господинот претседател ретко или никогаш не го користеше тој збор. Тој секогаш се обидуваше и го додаваше името на државата да биде Република Северна Македонија. Тука се поставува прашање дали таа промена е и промена во неговата политика? Убеден сум дека тоа не е така. Но, овој потег пак во исто време покажува една безобѕирност кон граѓанинот кој треба со својот глас да одлучи во кој правец ќе се движи државата. Тоа е политичка манипулативност која се користи насекаде и кај секого, но мислам дека тоа треба да се изостава – вели новинарот Бишевац.

Повеќе од интервјуто со Сафет Бишевац во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот