
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бачеванова куратор на „Украина: Воено злосторство“: Неправдите треба да се прикажуваат преку фотографија
Вкупно 360 потресни фотографии направени од 93 храбри фоторепортери од една војна ни носи Изложбата „Украина: Воено злосторство“ која во следните три недели ќе биде поставена во мултимедијалниот центар Мала станица-Скопје.
Препорачано
На изложбата и претходи книга објавена од „Фото евиденс“ (FotoEvidence) во 2023 година, од уметнички директор, фотографката Светлана Бачеванова од Бугарија.
-Сите 360 фотографии ќе бидат изложени, поделени во три соби. Во првата соба ќе бидат прикажани фотографиите кои го покажуваат почетокот на војната, во втората соба текот на војната, а во тераат соба последиците. Целта е да се отиде чекор подалеку од она што се прикажува на медиумите – вели за „Слободен печат“ Бачеванова.
Таа вели дека идејата за да ја направи ова книга и тлее од поодамна. Како фоторепортер во време на комунизмот, работела во комунистички весник, па тогаш забележала дека не постојат фото-докази за криминалот на комунистите.
-Уште во тоа време сфатив дека потребно е да се покажат неправдите кои се случуваат преку фотографија. Затоа се одлучивме преку асоцијацијата „Фото евиденс“ (FotoEvidence) да распишеме отворен повик. Добивме преку 7.000 фотографии, беше тешко да се направи селекција на најтесен круг-вели таа.

Бачеванова додава дека разгледувањето на овие фотографии не било воопшто лесно, неретко не можела да ги сопре солзите.
Целта на оваа изложба е да не потсети дека на 2.000 километри од центарот на Европа има војна. Не станува збор за Русија-Украина, туку за политика, економија, за влијание на ова војната врз секојдневието на обичниот човек. Изложбата е приказ за борбата помеѓу доброто и лошото – рече Бачеванова.
Изложбата пред да пристигне во Скопје беше прикажана во Тирана и во Приштина. Имало голем интерес, раскажува нашата соговорничка, а присутните покажале емпатија.
Целиот разговор погледнете го во продолжение: