
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Андреи Калин: Играњето шах ни помага да носиме подобри одлуки во животот
Трикратниот шампион во шах, 15-годишниот Андреи Калин, ќе биде дел од големиот спектакуларен настан што во сабота ќе се случува во Градски парк, јубилејно одбележување еден век од постоењето на Светската федерација за шах.
Препорачано
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Данчевски: Со симултанка на Школка славиме 100 години шах
Калин игра шах од својата најрана возраст, се инспирирал од својот дедо.
– Секогаш кога одев кај дедо ми на село го гледав како игра шах со неговите пријатели, со соседите … Уште кога бев дете бев љубопитен за шахот, ме интересираше како се игра. Редовно го гледав и така почнав да ги учам потезите. Со текот на времето почнавме заедно да играме со дедо ми. Шахот развива нов начин на мислење, додека играш потстевсно размислуваш за позицијата, така е и во животот, потсвесно размислуваш за одлуките. Јас многу научив од шахот за тоа како да се однесувам во животот.Според мене шахот не им помага само на децата, туку многу може да им помогне и на возрасните – рече Калин за „Слободен печат“.
Тој вели дека со душа чека да дојде сабота за да се дружи со сите љубители на шахот.
– Не се подготвувам никако посебно, тоа ќе биде едно големо дружење, нема да биде натпревар, ќе биде забава – вели Калин.
Негова желба е еден ден да може да одигра партија шах со светскиот првак Магнус Карлсен.
Целиот разговор погледнете го во продолжение: