ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Алтипармаков: Европеизацијата нема алтернатива

Јане Алтипармаков - Фото: Слободен печат

„Теоретски кажано јас сум за европеизација, бидејќи не гледам друг начин, не можам да ја видам другата алтернатива. Таа друга алтернатива што се прикажува мене лично не ми делува доволно веродостојна ниту пак тие што го прикажуваат тоа мене како Јане Алтипармаков ме убедуваат дека тоа е навистина таа алтернатива“ рече Јане Алтипармаков, филмски работник и режисер во интервју за „Слободен печат“.

Тој додаде дека сепак ги разбира фрустрациите и дека во Брисел мора да размислат што би се случило ако уште повеќе се закочи процесот.

„Ама и ние како поединци треба да бидеме малце поодговорни и да сфатиме дека не е мавтањето на знамиња националистички начин за да се прикаже нештото, туку треба да бидеме подобри како луѓе“ рече Алтипармаков.

Тој додаде дека Францускиот предлог и преговарачката рамка не го загрозуваат нашиот идентитет и дека треба да се работи на инклузија.

„Мораме под итно да почнеме да работиме на терен, да ги покажеме позитивните страни на таа инклузија и што би се случило кога би станале дел од тоа нормално цивилизирано општество. Мислам дека луѓето го изгубија тој контекст и премногу се затворија и се бомбардирани од чудни националистички пропаганди и тоа си одигра една улога“, потенцираше Алтипармаков.

Целиот разговор со Алтипармаков можете да го погеднете на слениот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот