Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Што е најлудото нешто што сте го направиле за љубов?

Љубовта е едно од водечките и есенцијални чувства во животот на човекот. Причина за мотивација, извор на убави чувства, позитива, смиреност, топлина. Љубовта е причина која ќе го натера човекот да отиде и на другиот крај на светот само за да биде со таа личност, да направи комплетна животна промена само за љубовта да опстане. Но, дали Македонците се спремни на такви чекори?

„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали се заљубени, што е најлудото нешто што го направиле за љубов и дали би се преселиле во друга држава поради партнерот?

Добивме најразлични одговори од граѓаните, сретнавме некои што се преселиле во друг град за својот партнер, некои што го смениле дури и континентот само за да се со саканата личност, некои што истрчале маратон во чест на саканата личност, а сретнавме и некои што не би направиле таков огромен чекор и промена во нивниот живот.

-Лани истрчав 42 километри и 195 метри на маратонот до Атина. Истрчав за мојата жена и за себе – рече еден случаен минувач.

Сретнавме и еден граѓанин кој за љубов се преселил од Дубаи во Македонија, со која денес е среќно оженет и имаат основано фамилија со дечиња.

-Најлудото нешто што сум го направил за љубов е тоа што излегов од мојата комфор-зона. Инаку, живеев во Дубаи, кога се оженив одлучив да се преселам во Македонија. Многу ми беше удобно таму, а ова е ново место за мене и ова е навистина голем чекор за мене. Бев навикнат на тој живот таму и морав да се преселам поради љубовта и фамилијата – изјави тој.

Меѓу анкетираните сретнавме и некои кои не се сеќаваа што е најлудото нешто што го направиле за љубов…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот