Фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Што би направиле ако сте градоначалник на Скопје?

На 19 октомври ќе се одржат локалните избори во Македонија на кои ќе се бираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања е веќе започната и кандидатите за градоначалници и советници веќе се „борат“ да ги освојат симпатиите на граѓаните.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните што би направиле доколку станат градоначалник на град Скопје и што би направиле ако станат градоначалник на општината во која живеат?

Најчестите одговори кои ги слушнавме од граѓаните беа поврзани со сметот, односно дека прво би го расчистиле сметот и ѓубрето и би го средиле јавниот превоз.

– Мислам дека најголем проблем е јавниот превоз, заради тоа имаме голем степен на загадување во градот, тоа би било прво нешто што би го решил како градоначалник. Ова е проблем кој активно не се решава, а секој вели дека ќе го реши. Има многу проблеми во градот, секојдневието не е како што треба… – вели еден случаен минувач.

Граѓаните споделија свои идеи за тоа што би направиле ако станат градоначалници.

– Пред сѐ, би го исчистила ѓубрето, би вовела повеќе пунктови за да може да се складира кабаст отпад, како намештај од становите, повеќе зелени површини, би поработела на тоа да има подобар ноќен живот, подобар културен живот на младите да имаат свое место за рекреација и хоби. Генерално би се насочила кон младата популација, дефинитивно – изјави една девојка.

Меѓу мислењата на граѓаните слушнавме и идеи посветени кон бездомниците, ранливите категории како и животните.

– Многу работи би сменила, би им помогнала на децата кои питаат и се оставени сами по улиците без родителски надзор, да нема коцкарници воопшто и би се ангажирала за кучињата бездомници – сподели таа.

Ги прашавме граѓаните што би направиле ако ја имаат функцијата градоначалник на општината каде што живеат, на што одговорија:

-Би се заангажирал повеќе да се одржува зеленилото и хигиената – кажа еден повозрасен господин.

-Би направила повеќе паркови и зеленила во мојата општина, места каде што можат и повозрасните лица да се рекреираат и да имаат свое место, би поработела на инфраструктурата, да нема дупки по улиците и повеќе слободни пешачки премини – додаде една од анкетираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот