ВИДЕОАНКЕТА | Се чувствуваат ли безбедно студентите на ПМФ додека одат на факултет?

Одземени телефони, пари, нападнати студенти од Природно-математичкиот факултет. Студентите се чекаат на автобуската станица кај факултетот со надеж дека безбедно во група ќе стигнат на предавања или вежби. „Слободен печат“ ги праша студентите колку се чувствуваат безбедни додека одат на факултет? Најголем дел од студентите велат дека додека трае денот е побезбедно, меѓутоа кога ќе падне мрак почнуваат стравовите. Во меѓувреме факултетот ангажирал и обезбедување, па сега студентите се чувствуваат побезбедно.

-Безбедноста мислам дека треба да биде на повисоко ниво- вели еден студент.

Негова колешка објаснува дека во текот на денот е во ред, но во вечерните часови не е толку безбедно, поради темницата.

-Навечер не се чувствувам безбедно бидејќи светлата се посебно слаби, но затоа гледаме да одиме сите заедно во групи- вели студентката.

Студент објаснува дека го познава момчето што беше нападнато пред некој месец. Вели дека одел од факултет и бил нападнат со цел да му се земе телефонот.

-Телефони краделе, пари, паричници, се заканувале со оружје -вели студентот.

Друг објаснува дека кога одел на факултет пред некој ден забележал дека има обезбедување на долниот дел од патот. Студентка пак објаснува дека од страна на факултетот имало спроведено ннекои мерки, им ги намалиле предавањата и сега порано си одат дома.

-Очигледно требаше нешто да се случи за да алармираат и да постават обезбедување -вели таа.

Нејзина колешка вели дека често гледаат да не сме сами, одат во група.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот