Анкета / Фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Сарма, кифлички и руска салата – Што ќе подготвите на новогодишната трпеза?

Како Македонците ќе го прослават дочекот на Новата година? Што ќе се најде на трпезата за новогодишната вечер? Дали остануваат доследни на традиционалната храна и ќе послужат кифлички, сармички и руска салата или пак ќе подготвуваат посебни специјалитети за таа вечер? „Слободен печат“ спроведе анкета во која ги праша граѓаните што ќе се најде на нивната новогодишна трпеза.

Новогодишните празници асоцираат на богата трпеза исполнета со неколку специјалитети како руска салата, сарми, свинско печено месо, јагнешко месо, а некои од нив сè уште ги почитуваат божиќните пости, па на нивните трпези најчесто има риба и некои посни специјалитети.

На прашањето „Што ќе подготват на новогодишната трпеза?“ граѓаните одговорија:

– Се знае, како што е редот, руска салата, печено свинско месо, нешто благо, еве во моментов одам да пазарам – кажа една повозрасна жена.

Некои од нив за новогодишната вечер ќе бидат во кафулиња и во кафеани, така што нема да подготвуваат храна.

Дел од испитаниците го почитуваат божиќниот пост и кажаа дека како јадења на нивната трпеза ќе има посни варијанти од вообичаените рецепти:

– Би можела да направам некоја салата со посен мајонез. Нешто креативно ќе направам сигурно – изјави една случајна минувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот