фото: Слободен печат

ВИДЕОАНКЕТА | На кој начин се штитите од вируси и настинки?

Вирусите напаѓаат, големата (магарешка) кашлица коси, грипот зема замав. Седум луѓе, од кои една дваесетгодишна девојка починаа поради компликации на грипот, во земјава.

И во соседна Србија ситуацијата е загрижувачка, четири деца починаа од голема кашлица.

Од Комисијата за заразни болести апелираат до граѓаните да носат маски во болниците и во домовите за стари лица, како и забрана за посета во овие установи. Повикуваат и на имунизација на населението, ова посебно се однесува за бремените жени, хронично болните и лицата од трето доба.

„Слободен печат“ ги праша случајните минувачи во Скопје дали преземаат нешто превентивно за заштита од вирусите.

Повеќето од анкетираните кажаа дека периодов ја зголемуваат дозата на витамини, па јадат повеќе овошје и зеленчук, но дел од нив витамини внесуваат и преку суплементи. Малку се тие кои примиле вакцина, но сметаат дека треба да се практикува, посебно кај загрозената група на граѓани.

–   Па, нормално дека земам. Секое утро јадам мед со ѓумбир и куркума ма гладно срце – вели една млада скопјанка.

Друг господин ни рече дека од вирусите се штити со дистанца. Неколклу од граѓаните рекоа дека не преземаат ништо превентивно и не веруваат во вакцинација.

– Редовна вакцинација, искрено веќе неколку години се вакцинирам, заштитна маска на работно место затоа што сум лекар, витамини, топли чаеви, да не се мешаме во гужви – вели лекарката која случајно ја анкетиравме.

Дел од граѓаните при првите симптоми на настинка ги користат и т.н. „бабини лекови“.

– Јас имам многу внучиња и практикувам и „бабини лекови“, мед со рен, мед со ѓумбир, жалфија. Да, според мене и бабините лекови се превентива – вели една повозрасна скопјанка.

Според други, ако се разболиш „бабините лекови“ не помагаат, мора да одиш на лекар.

Погледнете ја целата анкета на видеото во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот