Фото: принтксрин

ВИДЕОАНКЕТА | Колку чини твојот аутфит?

Колкав буџет им е потребен на граѓаните на Македонија за да се облечат по свој вкус? Дали младите преферираат да носат нова и брендирана облека или пак се чувствуваат добро и во облеката од втора рака? „Слободен печат“ ги анкетираше граѓаните и праша колку чини нивниот аутфит.

Најчести брендови кои ги спомнаа испитаниците во своите одговори беа спортските брендови, од каде што најчесто ги купуваат обуквите, а голем дел од испитаниците споменаа и дека носат облека која веќе била носена од нивните родители. Како бренд кој често беше споменуван како место за купување облека беше брендот „Зара“.

– Овие се најскапите панталони што некогаш сум ги зел. За нив платив 2.300 денари – рече еден од испитаниците.

Меѓутоа може да се најдат и парчиња по завидно ниски цени.

– Џемперчето го платив 100 денари, а маичката 50 денари, шалот беше најскап и го платив 300 денари – кажа студентката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот