ВИДЕОАНКЕТА: Дали на приватните превозници ќе им биде исплатен долгот и ќе продолжат редовно да возат? фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА : Колку време чекате автобус?

Три дена поминаа од ветувањето на Јавното сообраќајно претпријатие дека ќе им исплати 90 милиони денари на приватните превозници што соработуваат со ЈСП.

Во петокот, приватниците најавија дека доколку парите не им бидат исплатени, ќе редуцираат дел од линиите, трите компании ќе сообраќаат само во прва смена, од 5 до 10 часот наутро, и тоа со 30 отсто од капацитетот. Тоа и се случи денес.

„Слободен печат“ разговараше со граѓаните кои, и покрај дождливото и студено време, долго чекаа автобуси на постојките.

Ги прашавме колку долго чекаат автобус и дали знаат дека приватните превозници се исклучија од редовните линии?

– Не, не знаеме. Слушаме на вести, нешто кажаа, ама не знаеме дали е точно. Според тоа што чекаме тука подолго од половина час, сигурно дека се работи за тоа што го кажувате – вели една граѓанка.

– Не сум информирана, ама ова е катастрофа – додаде една госпоѓа.

– Луѓево чекаат, се доцни, одиме на работа. Учениците сите се нервозни, катастрофа – додава друга.

Едно младо момче смета дека Скопје треба да има метро или барем трамвај.

На прашањето дали очекуваат долгот да биде исплатен, повеќето граѓани изразија сомнеж.

– Многу сум разочарана, да ви кажам искрено. Не очекувам и песимист сум во тој поглед – велат тие.

– Гледајте што е ова – вели една жена.

– Две и пол години патувам со два автобуса натаму, два наваму – дали до работа, дали до институција. Ако ЈСП има пари, мораше да го исплати долгот – додава еден господин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот