Фото: Принткскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали купувате подароци за 8 Март?

Меѓународниот ден на жената или 8 Март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. На овој ден се даруваат жените со најразлични подароци, но доминираат цвеќињата. „Слободен печат“ ги праша граѓаните какви подароци најчесто купуваат за 8 Март и на кого.

Една од анкетираните изјави дека подароци најчесто купува за нејзината мајка и за тетка ѝ.

– На мајка ми ѝ купив сѐ она што ѝ треба за секојдневниот живот, како омекнувач, чупалка, фарба за коса и слично – рече таа.

На прашањето за кого најчесто купува подарок, еден од граѓаните одговори:

– Купувам цвеќиња за припадничките на понежниот пол, што ми се поблиски. Без разлика дали станува збор за членови на семејството, за колешки, пријателки и така натаму – изјави тој.

Како актуелна тема која се отвора со доаѓањето на овој празник е и купувањето подарок за наставничките и учителките што често претставува голем трошок за родителите.

Една од анкетираните изјави дека покрај тоа што купува подароци на нејзината мајка, баба, снаа, купува и подароци за учителките во градинка. Доследно на тоа, ја прашавме колку пари би било соодветно да одвојат родителите за да се купи подарок за учителките.

-Не можам да го одговорам тоа, затоа што тоа е релевантно, сите имаат различно мислење. Каков и да е подарокот и која и да е цената, сепак е подарок и е одвоено и од срце е купено. Така што мислам дека цената не треба да игра главна улога во тоа – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот