
ВИДЕОАНКЕТА: Дали купувате месни производи во летниот период?
Во услови на високи температури, опасноста од труење со храна расте – особено кога станува збор за месни и млечни производи.
Салмонелата е бактерија која често се јавува во лето и може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Препорачано
„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали купуваат месни прпизводи во овој период, колку се внимателни при изборот и дали се свесни за ризиците поврзани со салмонела?
Ставовите беа различни. Дел од анкетираните продолжуваат да купуваат месо, но прават разлика меѓу производите.
Една жена која ги избегнува производите кои полесно се расипуваат, како што се сувомеснатите, одговори:
-Генерално купувам, но не сувомеснато. Обично гледам да најдам свежо месо.
Другите одговори беа пократки и поедноставни, но покажуваат дека многумина не го промениле значително „ставот“.
Некои купуваат месо првенствено за децата, а постарите лица се грижат повеќе за нивното здравје.
Повеќето од нив веќе се свесни за салмонелата и се обидуваат од своето мени да ги отстранат обработените производи.
Кога ги прашавме каде најчесто купуваат, одговорите беа вообичаени:
-Во маркет, во месарница, во супермаркети – додаде еден господин.
На прашањето колку граѓаните се информирани за ризикот од салмонела, повеќети беа делумно запознаени.
Посебно впечатлив беше одговорот на една од анкетираните:
-Самата бев жртва пред 25 години – рече таа.
Неколкумина ни кажаа дека иако лично не познаваат некој кој имал салмонела, знаат за неа и ја сфаќаат сериозно.
-Да, внук ми доби салмонела пред неколку години, најверојатно од градинка – рече еден од анкетираните.
Секако дека не треба да се откажеме од консумација на месни производи во летниот период, но сепак треба да бидеме многу внимателни при купувањето за да избегнеме ризик од загрозување на нашето здравје.