Фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали кулата на Водно е атрактивна локација за отворање на ресторан?

Во текот на изминатите денови, градот доби нов сјај и светлина благодарение на кулата која се наоѓа на врвот на Водно, за чија изградба беа потребни 12 години.

На телекомуникациската кула има неколку платформи, меѓу кои и една ротирачка, која уште кога започна изградбата беше најавено дека ќе биде уникатна атракција за посетителите од каде што ќе се пружа величествен поглед на Скопје и место за уживање во гастрономски специјалитети. Токму на оваа ротирачка платформа, која ќе се врти 360 степени за еден час, е планиран простор кој ќе биде за угостителски услуги – ресторан.

Но, тоа со себе повлече и низа прашања, како што е начинот на стигнување до врвот, работата на жичарницата, пристапот со возилата и слично.

„Слободен печат“ спроведе анкета во која ги праша граѓаните, колку често се качуваат на врвот на Водно, што мислат за идејата за отворање на ресторан на тоа место, дали сметаат дека треба патот да се отвори и за возила или пак да остане само за пешаците.

Меѓу анкетираните наидовме и на министерот за култура, Зоран Љутков кој пред камерата на „Слободен печат“ одговори на овие прашања:

– Често одам на Водно. Во текот на месецот одам 3-4 пати, ако тоа може да се нарече често. Во однос на ресторанот, јас мислам дека тоа е локација за потребите на АЕК, а за тоа дали ќе има ресторан или не, начув некои шпекулации, меѓутоа не сум сигурен. Доколку нема возила, се разбира дека би било добро да има што било горе – изјави министерот Љутков.

На прашањето дали треба до врвот на Водно да се оди со возило, граѓаните одговорија:

– Сметам дека е подобро да се оди со жичарница или пеш, бидејќи е поефикасно и поздраво. Таму се оди со цел да се пешачи, а и побрзо се стигнува со жичарница, нема потреба да се оди до горе со автомобили – сподели еден од анкетираните.

Некои пак сметаа дека патот треба да се отвори и за возила:

– Јас сметам дека треба да се отвори патот, но тоа да биде контролирано. Сега, на пример, жичарницата не работи и не можеме до горе да се качуваме – вели една госпоѓа.

Нема да има свадби во кулата на АЕК на Водно, ниту пристап со возила до неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот