
ВИДЕОАНКЕТА | Дали е подобро да имате поголема плата или повеќе денови одмор?
Исклучително важно за еден работник е редовно да прима плата и да има денови за одмор. Но што би одбрале граѓаните ако се случи да треба да бираат помеѓу поголема плата или повеќе денови одмор?
Препорачано
„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали е подобро да имаат поголема плата или повеќе денови одмор? Граѓаните се подзамислија малку, а одговорите беа речиси изедначени – дел од нив одбраа поголема плата, а дел од нив, повеќе денови одмор.
– Јас би одбрал поголема плата, бидејќи тоа го подобрува вашиот стандард и моќни сте, а одморот е минлива работа – изјави еден граѓанин.
– Јас сметам дека и двете работи се важни, тие се благодет. Меѓутоа одморот не е приоритет, како што е секојдневниот живот и опстојувањето, да живееш комотоно и сигурно, а ако има подобри услови можеби и одмор е одговорот – сподели еден повозрасен граѓанин.
Останатиот дел од анкетираните сметаат дека е подобро да се имаат на располагање повеќе денови за одмор.
– Јас одбирам повеќе денови одмор, бидејќи банка за пари има, но банка за време не – рече една од анкетираните.
– Јас не работам, но би одбрала повеќе денови одмор – кажа една студентка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
17мин
-
27мин
-
33мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5