Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали би се преселиле да живеете на село?

Дали животот на село станува сè поголема атракција за младите? Селото во денешницата претставува заштитена единка, наспроти урбанизмот кој активно се шири во градовите, што многу често ги презаситува луѓето.

„Слободен печат“ ја спроведе оваа анкета инспириран од предлогот на Владата за финансиска поддршка од 100.000 евра за брачните двојки кои сакаат да се вратат или да се преселат на село.

Ги прашавме граѓаните дали би се преселиле да живеат на село, зошто би се одлучиле на таков потег, кои се бенефитите од живеење во село, а кои се недостатоците на живеење во град.

Граѓаните имаа поделени мислења на оваа тема. Дел од нив со задоволство веднаш би се преселиле да живеат на село, а спротивно на нив имаше некои и кои ги уживаа предностите на градот и не би ги замениле.

– Не би се преселил да живеам на село. Градот ми е повеќе потребен и ми е подобра опција за живеење – изјави еден од граѓаните.

Се огласија и оние кои уживаат во животот на село.

– Да, веднаш би се преселил да живеам на село, поточно во Маврово, бидејќи од таму потекнувам. Повеќе ми се допаѓа животот таму од аспект на температурите и мирот – сподели еден случаен минувач.

На прашањето „Кои се бенефитите од живеењето во село, а кои се недостатоците на живеење во град“, граѓаните одговорија:

-Бенефитите на оние кои живеат на село се тоа што се живее помирен, порелаксиран и побавен живот, се дише почист воздух и нема гужва. А, недостатоците на живеење во град се брзиот живот, гужвата, неуредноста, многу се губи време и немаш време за себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот