
ВИДЕО | „Звучна лента“ на автопатот во Емирати ја свири „Ода на радоста“ од Бетовен
Немате радио во вашиот автомобил? Тоа не е проблем. Емиратот Фуџаира инсталираше „звучна лента“ долга 750 метри на автопатот кој ја свири „Ода на радоста“ од Бетовен кога тркалата на автомобилите минуваат преку неа.
Препорачано
Слични „музички патишта“ веќе се поставени во земји како САД, Јапонија и Унгарија. Сепак, овој во Фуџаира, Емират оддалечен околу 120 километри од Дубаи, е првиот во арапскиот свет, изјави за „Ројтерс“, Али Обаид Ал Хефаити, директор на локалната уметничка академија.
„Звучната лента“ работи на принципот на испакнатини всечени во жлебот. Кога гумите ќе ги удираат со брзина од околу 100 километри на час, вибрациите произведуваат мелодија што може да се слушне во внатрешноста на возилото.
„’Ода на радоста’ од Лудвиг ван Бетовен беше природен избор, бидејќи е една од најпознатите композиции“, изјавил Ал Хефаити.
Мохамед Ал Матруси, Оманец кој патувал по автопатот, рекол дека музиката го опуштила по долгото патување.
„Музиката ве става во поинакво расположение, особено кога е Бетовен“, рекол тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
28мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5