
ВИДЕО | Зошто Би-би-си цензурираше дел од говорот на Зои Салдана на БАФТА?
На синоќешното доделување на филмските награди БАФТА, Зои Салдана беше наградена во категоријата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот „Емилија Перез“, кој ја доби и наградата за најдобар странски филм. Сепак, нејзиниот говор по добивањето на наградата привлече големо внимание, а „Би-би-си“ дури и цензурираше и пресече дел од говорот од телевизискиот пренос.
Препорачано
Видно емотивна, Салдана го започна својот говор изразувајќи благодарност за сите креативни предизвици што ги имаше додека го снимаше „Емилија Перез“. Таа го опиша како „филм кој пркоси на категоризацијата“.
Таа на шега се присети на својата борба да го совлада британскиот акцент и ѝ се заблагодари на својата колешка Карла Софија Гаскоњ, која неодамна ја шокираше јавноста со нејзините контроверзни твитови во кои, меѓу другото, напиша навредливи коментари за исламот, за Азијците, за ЛГБТК заедницата, па дури и за Оскарите, по што во неколку наврати се извини.
Откако ѝ се заблагодари на колешката, рече дека наградата му ја посветува на нејзиниот трансродов внук Ели.
„Како горда транс тетка, секогаш ќе стојам со мојата транс заедница“, рече таа. После тоа, почна одбројувањето, што значеше дека треба да го заврши својот говор и неколку пати опцу. Тоа беше делот кој беше цензуриран од страна на „Би-би-си“.
Сепак, целиот нејзин говор потоа беше објавен на Јутјуб.
„Би-би-си“ има строга политика против пцуењето, но радиодифузерот во изјава рече дека говорот бил прекинат „поради временски ограничувања“.
„Како и претходните години, поради природата на шоуто, емитувањето ќе биде малку одложено, и додека ние секогаш се трудиме да ја задржиме основната порака на говорот за прифаќање на наградите, мораше да се направат промени поради временските ограничувања“, рече портпаролот на „Би-би-си“.