ВИДЕО | ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници

Централниот одбор на движењето ЗНАМ – За наша Македонија на синоќешниот состанок донел одлука за отпочнување на постапка за евидентирање кандидати за советници за престојните локални избори, додека за кандидатите за градоначалници во тек се разговори со нивниот владин партнер, ВМРО-ДПМНЕ, кои очекуваат да завршат до крајот на месецот, по што ќе бидат соопштени имињата.

Како што информираше денеска на прес-конференција портпаролот на партијата, Никола Мемов, во моментов се одвиваат разговорите за кандидати за градоначалници и за општините и за градот Скопје со ВМРО-ДПМНЕ, при што извесно е дека на изборите ќе настапат самостојно и за кандидатите за градоначалници и за советничките листи, односно онаму каде што кандидат ќе има ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да има и ќе ја даде поддршката за истиот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот