Кристина Еплгејт / Фото: EPA

ВИДЕО | „Живеам во пекол“: Кристина Еплгејт проговори за борбата со мултипла склерозата

Американската актерка Кристина Еплгејт (52) призна дека се „онесвестила“ на сцената за време на годинашното доделување на наградите Еми.

При разговорот со водителката на утринската емисија „Добро утро Америка“, Робин Робертс, таа отворено сподели дека „изгубила свест“.

„Луѓето ми велеа дека сум смешна, но јас не ни знаев што реков. Не знам што направив. Бев толку откачена што веќе не ни знаев што се случува“, истакна Еплгејт, додавајќи дека „се чувствувала навистина сакана“.

Инаку, таа зборуваше за своето здравје, поточно за мултипла склероза – хронично воспалително заболување на централниот нервен систем.

„Живеам во пекол. Не излегувам многу, па ова е малку тешко за мојот систем“, продолжи актерката, додавајќи дека добила „прекрасна поддршка“ при борбата со болеста.

Еплгејт ги шокираше обожавателите кога се појави на доделувањето на наградите Еми, кое се одржа на почетокот од годинава.

Таа излезе на сцената со помош на бастун и водителот Ентони Андерсон и беше прогласена за победничка во категоријата за најдобра главна женска улога во хумористична серија, поточно за нејзината изведба во серијата „Мртов за мене“ („Dead to Me“).

„Ви благодарам многу. О, Боже, целосно ме засрамувате за мојата попреченост кога станувате. Во ред е“, ѝ се обрати таа на публиката, заблагодарувајќи се за силниот аплауз.

„Ова цело не е направено со употреба на Оземпик. Добро, да почнеме. Некои од вас ме знаат како Кели Банди од ‘Венчани, со деца’ (‘Married… with Children’), некои како Саманта од ‘Саманта, која?’ (‘Samantha Who?’), а некои како Џен Хардинг од ‘Мртов за мене’ (‘Dead To Me’). Не мора да ми давате аплауз секогаш кога ќе направам нешто“, рече таа, плачејќи.

Кристина Еплгејт и Ентони Андресон / Фото: Valerie Macon / AFP / Profimedia

Минатата година, актерката изјави дека повеќе нема да глуми поради борбата со мултипла склерозата.

„Не можам ни да замислам да одам на сет. Тоа е прогресивна болест. Не знам дали ќе се влоши“, објасни таа за „Венити фер“ и додаде дека „со оваа болест никогаш не е добар ден“.

Да потсетиме, мултипла склероза е автоимуна болест при која има оштетување на масните миелински обвивки на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок. Ова оштетување ја нарушува способноста на делови од нервниот систем да пренесуваат сигнали, што резултира со низа знаци и симптоми, кои може да бидат физички, ментални, а понекогаш и психијатриски проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот