Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Жител на Пинтија раскажува за пожарот: Ме разбуди силна експлозија, полицијата ми рече да заминам од дома

Сведокот раскажува дека се појавиле голем пламен и густ чад од горење гуми и пластика откако пожарот избувнал, што го направило воздухот тежок за дишење.

Жител на скопската населба Пинтија, кој живее веднаш до сервисот за возила што ноќеска беше зафатен од пожар, раскажува дека го разбудила силна експлозија. Десетина минути подоцна, како што вели, на неговата врата дошла полицијата и побарала да го напушти домот од безбедносни причини, објави порталот „360 степени“.

„Кога излегов надвор на улицата, веќе беа и моите соседи кои потоа беа дислоцирани на посигурно место. По улицава има луѓе од секаков тип – деца, стари, изнемоштени лица“, вели жителот за „360 степени“.

Тој посочува дека пожарот се случил во 3:40 часот утринава, а дека потоа се појавиле голем пламен и чад.

„Имаше голем пламен, сепак, гореле гуми, пластика, работи кои можеби се и канцерогени, не знам, тоа експертите подобро да кажат. Не беше баш пријатно за дишење, особено кога сте во непосредна близина“, додава тој.

Граѓанинот вели дека иако пожарот бил локализиран, се гаснел подолго бидејќи на места тлеел, па повторно се разгорувал.

Пожар утрово во сервис за коли кај Пинтија

„Но, со навремена координација на самите пожарникари го локализираа успешно и го ставија под контрола и не дозволија да се прошири и да ги загрози куќите во околина каде што има население“, додава жителот кој живее во близина на сервисот за возила што беше запален.

Тој смета дека намерата е тенденциозна бидејќи бил запален само сервисот, а не и околните објекти.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека пожарот во сервисот за возила во Пинтија, што избувна рано утринава пред 4 часот, е изгаснат по два часа. Во гаснењето биле ангажирани осум противпожарни возила.

Изјавата на жителот можете да ја проследите на ТУКА.

ВИДЕО | Снимен е потпалувачот на пожарот во Пинтија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот